Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 април 2026
Велешката полиција соопшти за инцидент кој се случил неделата попладне и вечер. Сопругата го нападнала сопругот а потоа била учесник во сообраќајка. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33 год) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69 год) од Велес. Во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
