Готово е техничкото решение за санација на мостот на Вардар кај Башино Село

Петар Печков

Завршена е изработката на техничкото решение за санација на мостот кај Башино Село, на реката Вардар. Тоа е изработено од стручњаците на Градежниот факултет при УКИМ од Скопје. Истото е веќе  доставено  до Јавното претпријатие за државни патишта.

Следен чекор, е избор на градежна фирам која ќе ја изврши санацијата.  Според објаснувањето на градоначалникот Колев, тоа ќе се реализира по брза постапка,  која во вакви случаи  Законот ја дозволувал, итни, стратешки важни и за неодложни состојби. Тоа е без јавен повик, ЈПДП спроведува постапка, можност да покани неколку фирми, кои ќе понудат услови и за седум дена да се избере изведувачот, кој ќе ја врши реконструкцијата.

И во рок од 60 до 90 дена, се планира да се извршат и завршат градежните зафати. Тоа опфаќа отстранување на стариот асфалт, на бетонот, да се зајакне арматурата, поставување нов бетон и асфалт и  интервенции под мостот, зајакнување на носачите кои се во реката.

Како долгорчно решение е изградба на нов мост. Во постапка пред ЈПДП е избор на фирма за проектирање, ако е таа успешна следи избор на изведувач и во втората половина од годинава би започнала изградбата нов мост, 50 метри подолу од постојниот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

ДПТ РОНТИС вработува

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:  Техничар за одржување  Оператори за производство на крвни линии Детали


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати