Петар Печков
Објавено: петок, 04 јули 2025
Порaди сериозните градежни зафати на санaција на оштeтувањата на градскиот базен, тој треба да започне со работа кон крајот на јули, најавува концесионерот.
„Официјално наш план е да започнеме со работа на 26 јули, сабота, ако биде готов ќе започнеме можеби седум дена порано, на 19. Има некои ситници кои мора да се средат. Но свеченото отворање е на 26-ти“ –кажа Ѓорѓи Василевски, концесионер на градскиот базен.
Градскиот пазен под има Капри пул, ќе работи со работно време од 10 до 18 ч. со тоа што од 9 ч. ќе има школа за пливање. Планираат и ноќни капење од 20 до 23ч. преку викенд. За посетителите ќе има понуда од ладни сендвичи, пијалоци. Ќе има и задолжителна спасиелна служба. Цената на билетот ќе биде 150 денари и за дневно и за ноќно капење. Семејството Василеви, кои под концесија го добија на јавен повик базенот во Велес на седум години, имаат искуство од Скопје, каде долги години работеле со Олимпискиот базен.
„Скоро два месеци работиме на отстранување на сите констарирани недостатоци. Доведовме стручни лица, и ги саниравме подземните простории, машините за хлорирање, ги саниравме санитариите, вода ќе користиме од градски водовод, не од бунар како што било претходно. Многу време ни одзеде додека се платија заостаните сметки од претходниот корисник, не ги плативме ние, но не кочеше во работата, во однос на вода струја. Го саниравме коритото на базенот, кое имаше бројни дупки, водата понираше. Ги уверувам граѓаните дека се е безбедно, променето, и нивната безбедност не е доведена во прашање“ – рече Василевски.
Извесно е дека на отворањето на 26 јули, ќе настапи Џенан Лончаревиќ. Концесионерот најавува дека секој викенд, ќе има настап на македонска поп ѕвезда или регионален музички изведувач.