Градскиот базен Пул, започнува со работа на 13 јуни сабота

Петар Печков

Градскиот базен во Велес, Капри, со работа започнува сабота на 13 јуни. Концесионерот најавува новини во работата со цел задоволни капачи и корисници. Цената е иста како и ланската 150 денари. 

„Базенот со работа започнува за десетина дена, сабота на 13 јуни. Тој ден влезот ќе биде слободен, ќе има денска забава со повеќе  ДЏ. Имаме и кујна за брза храна, се нудат и освежителни пијалаци, ги реновиравме санитариите“ – кажа Ѓорѓи Василевски концесионер на базенот.

Работното време е од  10 до 19ч. Пред почетокот и по завршувањето на капењето има часови, обука за непливачи.  Влезот е од страната на ЈКП Дрвен. Тој најавува дека ќе има два дена во седмицата и ноќно капење, но  тоа нема да се случува во точно одреден ден, туку во зависност о временските услови. Се најавува и богата забава со познати македонски и регионални музички ѕвезди и тоа два пати месечно. 

Концесионерот година посебно внимание  годинава обрнал не безбедноста на водата за капење.

„Набавивме хлоринатор од Италија, вреден 20 илјади евра, со што  автоматски ќе се одржува квалитетот и  капачите нема потреба да стравуваат за водата. Имаме и спасителна служба ангажирано“ – дополни  Василевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати