Грант од Јапонската амбасада за Општина Градско

Петар Печков

Денес  во општина Градско се одржа свечено потпишување на грант договор, за набавка на повеќе наменско  возило за потребите на локалното, Јавно комунално претпријатие ,,Клепа,,.  Договорот  вреден 40 илјади евра,  беше потпишан помеѓу амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда и градоначалникот Роберт Бешовски.

Преку овој грант се очекува да се подобрат услугите на јавното комунално претпријатие како и да се обезбедат подобри услови за живеење за граѓаните од општина Градско. Досегашната рачна работа ќе се механизира. Тоа ќе резултира со ефикасност и заштеда на финансии - порача градоначалникот Бешовски. 

Со ова ќе се набави возило, со кои ќе се интервенира на канализација, на водовод, за чистење одводни канали, транспортот на отпад, чистење  на диви депонии, чистење на снег.  

Амбасадорката Ханеда кажа дека оваа година се слават 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Среќни сме оти со нашиот проект ќе им помогне на граѓаните да го подигнат квалитетот на секојдневниот живот. Денес го славиме пријателството помеѓу двете земји. Археолошкиот локалитет и винаријата во Општина Градско, привлекуваат Јапонски туристи  -рече Ханеда. 

Амбасадорката Ханеда ја посети Железничката станица во Градско. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати