Грипот зема човечки живот во Велес

Петар Печков

Изминатата седмица 19-25 февруари, регистриран е  смртен случај на пациент од Велес, кој имал грип. За ова информираше Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кој седмично, соопштува за состојбата со грип во земјава.  Тоа е маж на 65 годишна возраст, кој бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми Септември. Второто починато лице изминатите седум дена е од Скопје на 49 годишна возраст.  

„Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А“ - соопштија од  ИЈЗ.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица од Македонија, асоцирани со грип, пет од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.

„Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.2.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6%, а во споредба со бројот за 8. недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%“соопшти Институтот за јавно здравје.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати