Двајца 15 годишници се децата кои ги уништуваа спортските реквизити на терените од ОУ Васил Главинов

Петар Печков

СВР Велес најави дека го расчистила случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес. Инцидентот  беше објавен понеделникот 17 август. 

„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18 август  и 19 август полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Едно од децата било дојдено од Германија на гости дома во Велес. 

Настанот го објави градоначачлникот Марко Колев  на ФБ со снимки обезбедени од ситурносните камери. Тие беа поставени со цел заштита на новите спортски терени и урбаната опрема во дворот на ОУ Васил Главинов, дворот на Гимназија,  терените во Дворови и Тунелот. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати