Директорот на МЖ Инфраструктура најавува следната седмица отстранување на дефектот, поради кој не работат железничките рампи, што создава колони возила

Петар Печков

Утрово уште во 7 часот, велешани повторно во колона чекаа трпеливо возот да помине низ центарот на градот, за да можат да преминат од една на друга страна на градот.  Возачите се револтирани за ваквата состојба, која трае  треисетина дена.  Утрово колоната возила беше од центар до зградата на Театарот. 

„Патуваме за Скопје на работа, колку пати досега, еден месец се случува возот наутро да сопре и не може да тргне. И така чекаме по десетина – петнаесет и повеќе  минути.  Каков ли дефект беше што толку време не може да се поправи“ – велат возачите. 

Некои во овој период  наутро ги носат децата на училиште, во градинка, други одат на работа и сите без исклучок доцнат. Еден месец екипите работат на отстранување на дефектот. На поставеното прашаење од МЖ Инфраструктура одговор немаше, но затоа денес се одговори  директорот Синиша Ивановски.

„Свесни сме за проблемот во Велес, интензивно работиме на негово решавање. Се надеваме на нормализација од следната седмица“ – кажа Ивановски. 

Проблемот бил во контролните куќарки покрај пругата во центарот на Велес кај мостот Гемиџии и на преминот за месноста Дворови. Упатните објаснуваат дека поради безбедносни причини, возот мора да сопре пред преминот, каде сигурносните рампи не работат.

Пред да тргне тој звучно со сирена објавува дека стартува. Но има случаи, на товарните возови поради тежината не можат да стартуваат и треба време да се придвижат. Поради тоа доаѓало до застој на железничкиот сообраќај,  а тој пак предизвикува и застој во автомобилскиот сообраќај низ Велес, со огромни колони возила.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати