Досега се работело да се стигне на позиција кога ќе започне изградбата на подземната катна гаража, затоа сега се ставил камен темелникот

Петар Печков

Во дел од јавноста во Велес недоумица остави најавата за ставење на камен темелник на подземната катна гаража, објект на кој веќе се работи една година и имаше интензивни градежни работи.

Зошто сега се става камен темелник кога градежните работи се подолго време во тек,  од изјавата на Филип Совиновски  од изведувачот Стентон градба од Битола.

Тој пластично објасни дека  досега се работело да се стигне на позиција кога ќе започне изгрдбата на подземната катна гаража. 

„Се работи на проект чија изградба е поделена на две фази.  Првата е заштита на градежна јама, за да нема несакани последици, клизишта на земјиштето. Работниците кои ќе работат внатре да работат безбедно, безбедно да се чувстуваат и да се работи квалитетно. Но и за самите минувачи во близина  на објектот. Околу објектот имаме сообраќај од тежок тип, камиони, тешки товарни возила, кои што  ако ја немало оваа градежна јама на која бевме фокусирани толку долго време,  би можело да има несакани последици“ – рече дипл. градежен  инг. Филип Совиновски од Стентон градба. 

Беше кажано дека следи полесниот дел од работите, изградбата на катната гаража која треба да заврши при крајот на првата половина од следната година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати