Еве како ќе изгледа Хотелот Интернационал

Петар Печков

Конечно започна да се реновира Хотелот ,,Интернационал,, во центарот на градот. За почеток се уредува приземјето, каде се рушат ѕидовите и  преградува просторот.   Сопственикот Мите Јовановски не дава многу информации за плановите за градба. Но затоа од  информативната табла, која е поставена на првиот кат од зградата,  може да се прочита дека е започнато реновирањето.Таа е задолжителна при секоја ваква градежна активност.  

Од неа може да се види дека наспроти широко распространетата шпекулација за промена на сопственоста, тоа не е точно. Инвеститор на градбата како сопственик  е  фирмата Оил Продукт. Нема рок на изведба, но се гледа како ќе изгледа зградата. На приземје простори кои се планирани за трговски објекти, дуќани а над нив ресторанот. Точно така како што сакаше сопственикот и за што чекаше дозвола со години.

Така  преписката од локалната власт, која во повеќе наврати барала да се започне градбата, конечно е послушана.   За потсетување,  сопственост на Јовановски  е и Хотелот ,,Македонија, близу мостот на Вардар кај Караслари, чие реновирање траеше три години.  

 Фирмата “Макоил”, во сопственост на Мите Јовановски за 860.000 евра во 2008-тата  го купи велешкиот хотел “Интернационал”. Така  стана сопственик на простор во  центарот на Велес од  3.500 квадратни метри, хотел  кој имаше 150 легла во 80 соби,   ресторан, продавница,  диско сала и кафе бар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати