Еден работник почина, вториот се бори за живот, по инцидент во свињарска фарма во Амзабегово

Петар Печков

Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, по што едното лице веднаш починало, а второто било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Настанот се случил вчера, понеделникот претпладне.

„Настанот во СВР Штип е пријавен на 8 јануари  во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ - соопшти МВР.  

Телото на починатиот работник по барање на ОЈО Свети Николе  е предадено за обдукција. Од каков гас починал работникот О.Т, а неговиот колега С.Ј се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обдукцијата на починатиот работник.

„Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, вели директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска.

Според првичните информации починатиот работник О.Т. ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР- Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати