Една премиера, едно гостување и четири претстави на велешки театар се на репертоарот во мај

Петар Печков

Една премиера, четири претстави со 11 изведби се на репертоарот на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот за месец мај, како и едно гостување.

Премиерата е закажана за петок 8 мај за претставата „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова,. Таа ќе се одигра уште три пати на 9-ти мај  сабота, на 20т-и среда и 27-ми повторно среда.

На репертоарот  се и претставите „Не можеме да платиме,  нема  да платиме“ среда 13 мај и  петок 22 мај, „Мало невино убиство“ ќе се одигра на 16 мај сабота,  „Госпоѓа министерка“ на 14-ти мај четврток, „Тестостерон“ на 21 мај исто така четврток. 

На 6-ми мај, во рамките на одбележување на 80- години Драмски театар, велешки гостува со комедијата „Вечера за глупаци во режија на Ненад Витанов.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати