Езерото Лисиче нема да го полни езеро Младост, туку ќе се гради паралелен систем за наводнување на земјоделски површини

Петар Печков

Со добиениот кредит, во висина од 26 милиони евра, водата од езерото Лисиче нема да го полни езерото Младост. Повеќе години наназад се зборуваше и најавуваше,  дека ќе се гради цевковод, со кој ќе се носи вода од езерото Лисиче кон езеро Младост. Целта беше  да се полеваат околните површни, но оваа опција нема да се реализира. И тоа по барање на  КФВ Банката, која го додели кредитот, соопшти градоначалникот Аце Коцевски.  

Оваа опција од страна на консултантите ангажирани од банката е отфрлена како нерационална и несоодветна. Стручните лица сметаат дека ќе се наруши флората и фауната на езерото Младост доколку се помешаат водите. Таа можност е исклучена. Затоа ќе се гради нов паралелен цевковод, покрај постојниот сегашен и приклучоци за повеќе стотина хектари земјоделска површина која ќе може да се наводнува - објасни Коцевски.   

Со добиениот кредит  се предвидува изградба на систем за наводнување на околу 3700 хектари земјоделско земјиште, изградба на три мали хидроцентрали за производство на енергија со што ќе се искористат потенцијалите кои ги овозможува хидросистемот Лисиче. 

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ОД ЈКП ДЕРВЕН, ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА ГРАДСКИ ПАЗАР

Се известуваат граѓаните дека поради ситуацијата со Корона вирусот, преземени се следните мерки за заштита на населението: Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

  • да
  • не
Резултати