Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 октомври 2026
Неделата дел од членовите на Доброволното противпожарно друштво Бабуна од Чашка, заедно со младите од село Оморани, учествуваа во еколошка акција во атарот на селото. Во должина од околу 4 км се чистела околината на патот до селото. Собраните вреќи со отпад биле соодветно одложени во контејнери.
„Ги замолуваме сите граѓани, особено оние што се движат со возила, да не фрлаат ѓубре преку прозорците. Да покажеме повеќе свест, одговорност и почит кон природата. Чистата животна средина е наша заедничка одговорност и огледало на нашата култура како граѓани и како нација. Со заеднички сили можеме да направиме позитивни промени“ – порачаа од ДПД Бабуна.
Од друштвото упатија искрена благодарност до младите од село Оморани кои со нивната мотивација одвоија дел од своето време и се вклучија во оваа акција.
Порачуваат дека тука не застануваат, ДПД Бабуна ќе продолжи и понатаму со еколошки акции и на други локации, за почиста природа и подобра иднина за сите нас.
Фото ДВД Бабуна
