Експлозија на градилиштето од подземната гаража ги запре градежните активности

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, четврток, се случила експлозија на просторот каде се изведуваат градежните работи за подземната катна гаража.

Експлозијата ги вознемирале вработените од градежната фирма, која ги изведува градежните работи, па ги прекинале активностите. Соседит е не ја слушнале, но го почувствувале како потрес.

Дека имало експлозија и е побарана помош е потврдено од екипите на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување. Од нив била побарана помош да се истражи, што се случило. 

Во меѓувеме заради безбедност, вработените го напуштија објектот, тој е со црвени ленти, забранет за пристап и го чува полиција. 

Велешката полиција ја потврди информацијата на ТрМр.

„На 9 октомври во 15:00 часот во СВР Велес, од градежна фирма од Велес е пријавено дека во 10:15 часот на улица „8 Септември“ во Велес, при извршување на градежни работи за зградба на подземна-катна гаража, се случила подземна детонација“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати