Жена пешак со скршеница по сообраќајка во Градско

Петар Печков

Возач со автомобил удрил пешак во Градско, жената се здобила со скршеници. Детали од информацијата на велешката полиција.

„На 20.04.2026 околу 08:30 часот во СВР Велес е пријавено дека во Градско, патничко возило „даеву“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68 год) од Градско, удрило во пешакот Ј.Ѓ.(84 год) од Градско“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., констатирани во Општа болница Велес. 

„Повредено лице од сообраќајна несреќа е донесено вчера утро. По извршените снимања и прегледи, констатирана е скрешница на рака, задржана 12 часа и пуштена на домашно лекување – кажа д-р Ана Марија Џунџева, портпарол ан ЈЗУ Општа болница Велес.

Велешката полиција информираше за уште еден настан, втор за десетина дена, лице кое возело во спротивна насока на автопат е уапсено кај наплатна рампа Сопот.

На 19.04.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода М.А.(81) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што било констатирано дека се движел во спротивен правец на автопатот“ – додаде  Милевска Ѓеоргиева.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото интернет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати