Жителите на Општина Велес, со висок степен на одговорност, меѓу најдобрите плаќачи на данок на имот во земјава

Петар Печков

Жителите на Општина Велес се при врвот за плаќање данок на имот во земјава. Просекот за три години, 2017, 2018 и 2019 е 97 отсто од предвидените средства. Ова се податоци кои ги објави  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) по  истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за наброените претходни  година.

Заедно со општина Велес при врвот се и  општините: Македонски Брод (97%), Ѓорче Петров (97%), Зрновци (96%), Чешиново- Облешево (96%), Македонска Каменица (96%), Илинден (96%), Кавадарци (95%) и Аеродром (95%).
Најслаба наплата на данок на имот, според процентот на наплата за овие три години, има во општините: Тетово (55%), Липково (51%), Врапчиште (46%), Желино (42%), Гостивар (40%), Центар Жупа (36%), Долнени (34%), Студеничани (32%) и Маврово и Ростуше (27%). Општина Арачиново не прибира данок.

Во апсолутна вредност, во  Општина Велес за три години просечно собрала  23,2 милиони денари годишно или 377 илјади евра.

Од соседните општини , Лозово има реализација за три претходни години во просек 94%, Чашка 93% и Градско 78% од предвидениот согласно Буџетот. Или тоа е за Општина Лозово  10,6, илјади  за Општина Градско 27 илјади   и за Општина Чашка  21 илјада евра годишно.

Општина Велес не е меѓу десетте општини во земјава кои прибираат најголеми годишни приходи од физички и правни лица, што говори дека нема голем производител, капацитет кои ќе носи значајна сума пари во Општинскиот буџет.  

Во однос на осумте региони во земјава, најголема просечна наплата на данокот на имот  има кај општините од Вардарскиот Регион од 96 %, а добро стои и Источниот Регион со наплата од 93 % а најслаба наплата од само 57 % има во Полошкиот Регион.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати