Жителите на Чашка и Извор полицијата ги едуцираше за заштита од шумски пожари

Петар Печков

Превентивнa активностa за заштита од пожари  реализирана во населба Чашка и село Извор. Насловенa беше „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“. 

„Во текот на летниот период, поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви“ – соопштија од МВР.

Во рамки на превентивните активности бил поделен и печатен едукативен материјал. Ја реализираа полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

фото интернет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати