Забавен парк за лицата со попреченост, на езеро Младост

Петар Печков

Лицата со попреченост добија забавен парк, нова содржина на езеро Младост, крај Велес.  Со него  лицата со посебни потреби добиваат можност да бидат целосно вклучени во содржините за забава кои се нудат на езерото. Со  воведувањето  на нови рекреативни содржини во туристичката понуда   на езерото Младост,  целта е  забава за сите посетители.

„Паркот има многу реквизити, кои освен децата со попреченост, ќе можат да ги користат и сите други деца. Тоа е и нашата цел, да биде отворен за сите, да се интегрираат и заедно децата да уживаат во забавата. Тоа е во пракса целосна еднаквост“ - кажа Игор Андреевски раководител на Вардарски плански регион, преку чиј проект се реализираше проектот.  

Инвестицијата е во вредност од десет милиони денари, финансиски е поддржана од Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Велес.   

Со проектот се  обезбедува и пристап од плажата до водата, набавени  се реквизити за во вода, специјална количка за да можат лицата со попреченост да влезат во езерото, како и лежалки, елеци за спасување, кациги за во вода. Со забавниот парк и со справите за капење, во следната година ќе работи Здружението на лица со церебрална парализа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати