Заврши промената на уличните светилки во Велешко, се сменија 4.695

Петар Печков

Локалната власт објави дека заврши промената на уличното осветлување. И тоа во рокот четири месеци од кога започнало 25 февруари- 25 јуни.  Во изминатиот период  промените биле  4.695 светилки на територијата на Општина Велес.

Промената ја изврши Македонски телеком, кој оваа работа ја доби на јавен повик, и тоа од трет пат, откако локлната власт два пати сама го поништуваше, за да се добијат најдобри можни услови.

„Се поставија неколку типа на светилки од 40, 45, 55 и 85w и 92 надворешни ормани со вклучен анализатор и смарт контролер за целосна оптимизација и ефективно и ефикасно одржување на мрежата“ – соопшти градоначалникот Марко Колев, на неговиот ФБ профил. 

Во наредниот период ќе продолжи оптимизацијата и сервисирањето на мрежата каде што се појавени дефекти. Секој дополнителен настанат проблем на променетите нумерирани столбови, граѓаните може да го пријават на следниов линк: https://smveles.telekom.mk/defekti/.

Вредноста на договорот склучен со ТЕЛЕКОМ  е 90 милиони денари, заедно со ДДВ.   Плаќањето е на 36 рати, три години, по 2,5 милиони денари месечно.

Светилките се од производител европски бренд Шредер, висок квалитет.  Фирмата Милан Шредер од која се набавени светилките е од Белград, Србија. Велес уште во 2007 година за прв пат  инсталираше нивни светилки на 47 столба.

Се изврши замена на старите натриумови светилки со нови паметни светилки, кои може да се управуваат далечински. Имаат век на траење  преку 100 илјади работни часови, дологотрајни се. Имаат одличен спектар на бои кои го проектираат со 4000 келвини. 

Се вгради опрема, со која далечински се управува  интензитетот на осветлувањето. Лицата задолжени за управувањето со осветлувањето, може секој момент да добиваат информации, каква е состојбата, каква е потрошувачката на струјата, каде се потребни евентуално интервенции.

Целокупниот проект за општината  значи  намалување на потрошувачката на електрична енергија за улично осветлување, заштита на животната средина, полесно управување со системот бидејќи со него се работи  далечински, нема потреба да се испраќаат екипи да работат на остранување на дефект. Бенефит има и за граѓаните, значително подобрување на осветлувањето на улиците.

Се изврши  промена  на некои канделабри, тие што се искривени, накоесни, оштетени. Набавени беа нови 50 канделабри, како и украсни светлики. Други се освежија, офарбаа. Останува уште да  осветли и Мало мовче, како што беше најавено.

Последната промена на уличното осветлување во Велес и општината се случи во 2013 година, кога за таа цел локалната власт се задолжи кај Светска банка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати