Започна изградбата на покриен Градски пазар во Велес

Петар Печков

Претпладнево започнаа градените работи за изведба на покриен Градски пазар. Градежната парцела опфаќа речиси 4.172 квадратни метри, од кои 3,4 илјади  квадратни метри површина е наменета за продажба на производи.

На Пазарот ќе има 19 дуќани, деловни објекти, канцеларии и два угостителски објекти на вкупно 638 метри квадратни, а во два дела од објектот ќе бидат сместени тезгите од покриениот пазар, паркинг просторот.  Во првиот дел ќе се уредува горниот дел од пазарот а откако тој ќе заврши ќе се продолжи со долниот дел.

„Покриениот градски пазар е најголема инвестиција на Општина Велес во последните 30 години.  Објектот ќе биде челично скелетна конструкција, покриена со енергетски ефикасни панели,  на армирано бетонски темели. Вкупната вредност на објектот е 86 милиони денари, 40 милиони се од Владата“ - кажа градоначалникот Аце Коцевски. Остатокот од средствата, во висина од 46 милиони денари ќе се обезбеди со кредит од Светска баанка.  

На почетокот на градежните работи, чиј рок на изведба е 4 месеци, присуствуваа премиерот, четворица министри и еден директор.   Присуствуваа претседателот на Владата, Зоран Заев , вицепремиерите Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи.

„Новиот градски пазар се гради со најсовремени стандарди за ваков тип на објекти . Изградбата на новиот Градски пазар во Велес е од големо значење за регионалната економија бидејќи од него остваруваат егзистенција голем број на земјоделци, трговци од целиот регион, велешкиот, па дури и од моја Струмица, од западниот дел на државата. Развиени општини значат силна економија, токму затоа ние како Влада поддржуваме вакви капитални проекти“, рече Заев.

Изведувач на работите е  фирмата „БАУЕР БГ ДОО од Скопје која го доби тендерот за изградба на Покриениот Градски пазар, фаза 2 односно горната платформа на пазарот, со понудени 36 милиони денари за оваа фаза.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати