Започна проширувањето а потоа и асфалтирање на патот од Голозинци до крстосницата за Горно Врановци и Јаболчиште

Петар Печков

Започнаа градежните активности на втората и завршна фаза на проширување и асфалтирање од регионалниот патен правец од село  Голозинци до раскрсницата за Горно Врановци и Јаболчиште. Трасата  е  во должина од 5.5 км и ширина на асфалтна коловозна лента од 5 метри.  Проектот е  финансиран од програмата на Јавно Претпријатие за Државни Патишта во висина од 50 милиони  денари.

После минатогодишното асфалтирање на 5.7 км од населба Чашка до село Голозинци со оваа завршна фаза жителите од населените места по течението на река Тополка конечно добиваат комплетно проширена и модерна патна мрежа која последен пат беше асфалтирана во далечната 1982 година.  Модернизација на патната инфраструктура во Општина Чашка во голема мера ќе го олесни животот на граѓаните од овие населени места - изјави Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка. 

Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонија пат" кој согласно градежната динамика оваа завршна фаза треба да ја заврши во следниве три месеци.

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ недела се прска против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати