Започна учебната година, на училиште во велешко тргнаа без малку 7 илјади ученици (фото)

Петар Печков

Во велешките основни средни училишта  на 3-ти септември започна учебната 2019/20 година. Откако вчера СОНК го одржа предупредувачкиот штрајк, денес со редовна настава започнаа  6.985 ученици.

Од нив, според бројките на локалната власт,  во основното образование 4.908 и 2077 средношколци. За прв па во училишните клупи седнаа и 436 првачиња. Наставата се одвиваше редовно и без проблеми. 

Споредбено со лани, годинава има 312 ученици повеќе, а 117 првачиња помалку.  Со  настава започна и новото основно училиште Панко Брашнар, во кое се споија  ОУ Благој Кирков и ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. 

ТрМр им посакува на сите ученици успешна година, нека остане знаењето и спомените и другарството.

фото ССОУ Коле Неделковски

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати