За велешани најинтересни за новогодишните дочеци на отворено се Будва, Тиват, Белград и Сараево

Петар Печков

Дали и каде велешани ќе ги минат новогодишните празници, надвор од градот? Прашање кое често се поставува во  овој период од годината. Според информацијата од туристичките работници, пред се помладата популација, ќе замине надвор до градот.

И тоа заминуваат таму каде настапи имаат популарни поп ѕвезди од просторот на поранешна Југославија, Северина, Здравко Чолиќ, Жељко Јоксимовиќ, Дино Мерлин, Саша Ковачевиќ.

„Најголем интерес има за Црногорското приморје, Будва, Тиват, потоа е Сараево и Белград. Причината за интересот за овие градови е што таму настапуваат популарни поп ѕзвезди од регионот. Има интерес и за Белград каде на различни локации, настапуваат различни изведувачи. Велешани бараат и новогодишни аранжмани и за Истанбул и Будимпешта и Виена“- кажа Тодорче Ѓорѓиев, туристички работник.  

На прашањето   дали и колкав е интересот за зимските скијачки центри, после нова година, Ѓорѓиев вели дека нема голем интерес.

„До пред некој ден немаше снег и интересот за скијање во ски центрите во странство, беше мал. Откако падна снегот, се појави интерес и се резервираат аранжмани, пред се за Копаоник -Србија и Банско- Бугарија. Затоа пак имаме интерес и пред распродажба се пакетите за пред и по сезона за годишни летни  одмори, кои се со попуст, со рана уплата. Тие се интересни за повозрасната категорија, пензинонери, кои немаат обврски  и можат долгорочно да го планираат одморот.Тоа се перидот мај и септември“ – дополни Ѓорѓиев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати