За два дена двајца починати пациенти од Велес лекувани на Инфективно одделение

Петар Печков

Вчера и денес (недела и понеделник)  починати се двајца пациенти од Велес, кои како позитивни биле на лекување во велешка Болница. Со ова бројот на лица кои починале како последица од корона вирусот во велешко се искачи на 184 лица.  

„Вчера е починат е маж на 72 годишна возраст од Велес, позитивен, невакциниран, лекуван три дена на Инфективно одделение. Денес, понеделник почината е жена на 64 годишна возраст, позитивна, лекувана три дена на Инфективно одделение“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

Во трите ковид центри во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 60 пациенти,  од кои 47 се потврдени позитивни, шест се  сомнителни  и седум  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 36 пациенти. На Инфективно  се згрижени 44 пациенти, во  Модуларната болница девет и на Интерно седум.

Вчера, недела и денес понеделник во велешко има вкупно  13 ново заразени, вчера десетмина, денес тројца и 19 лица оздравени, вчера 11, денес   осуммина, информираа од Министерството за здравство. Со ова вкупниот број на активни случаи во велешко на лица со корона вирус е 255. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати