За писмото од Советот на родители при ООУ Јордан Хаџи Константинов Џинот

Петар Печков

Советот на родители при ООУ  „Јордан Хаџи Констатинов- Џинот“ со реакција за спојувањето на ова училиште со ООУ ,,Благој Кирков,,. Тие сметаат дека истото е избрзано и без претходна анализа а не сакал да го слушне мислењето на родителите а родителите и учениците на три дена  пред почетокот на учебната годината не знаеле во која смена ќе учат нивните деца, не знаат кој ќе им биде класен раководител или наставник.  Писмото го споделија преку социјалните мрежи. 

На состанок со директорот и наставниците во училиштето  градоначалникот кажал дека, нема да дозволи отпишување на ученици од  училиштето и запишување во друго училиште, учениците од 6-то до 9-то одделение ќе учат само во прва смена, а учениците од 1-во до 5-то одделение ќе учат само во втора смена заради заштеда. Се прашуваме, кога во Законот за основното образование  е предвидено постоење на Совет на родители зошто градоначалникот не побара средба со родителите па да го слушне и нивното мислење.  Од страна на претседателот на советот на родители, претседателот на училишниот одбор и директорот уште во месец март 2018 година беше доставено писмено барање за средба со него но до денес не е одговорено на тоа барање.  Градоначалникот во претходниот мандат во еден објект ги спои училиштата ООУ „Јордан Хаџи Констатинов -Џинот“ и ООУ „Благој Кирков“ и тоа во зграда изградена во 1915 година и сега повторно се навраќа на по наше мислење доуништување на училиштето. Наместо да се изгради нова и современа зграда за учениците од левата страна на градот, градоначалникот го уништува и тоа што го има, нема подобрување на условите за изведување на настава затоа што училниците се мали, а тој планирал по 30 ученици во одделение, училиштето е до пазарот и во пазарните денови од вревата тешко се изведува наставата. Но сето ова за него е неважно изгледа најбитно е да си ги оствари своите нереални планови и да се до уништи училиштето, а со тоа и левата страна на градот.  Го прашуваме дали неговата лична  нетрпеливост кон директорот, од кој родителите се презадоволни, затоа што имаат одлична соработка и заеднички резултати кои се гледаат во постигнување на успеси на учениците, а со тоа и на училиштето, е толку голема што не можејќи со испраќање на инспекции секојдневно да го смени сега тоа прави со згаснување на училиштето - стои во писменото соопштение на  Советот на родители на  ООУ  „Јордан Хаџи Констатинов- Џинот“. 

Градоначалникот Аце Коцевски за ова писмо кажа дека тоа не ги изразува ставовите на повеќето родители, туку било само став на мала група. 

Сметам дека членовите на Советот на родители од ООУ ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  се злоупотребени, повеќето не мислат така. Писанието е тенденциозно со неточни работи, констатации, кој јас не сум ги употребил, со намера да се постигне целта. Да разјаснам неколку неточни работи кои се пласираат. Училиштето не згаснува туку се припојува. При што сите вработени ќе останат, никој нема да биде оставен на улица. Што се однесува до смените кој кога ќе учи, во која смена ќе посетува настава, не одлучувам јас, туку  раководството на новиот субјект. Тие ќе си решат како е најдобро за учениците. Според податоците на државниот просветен инспекторат ова училиште има најслаб успех од сите основни во општината со 2,4 а Благој Кирков има 3,01 а најдобро рангирано е Св. Кирил и Методиј 4,00 . Факт е дека јас како градоначалник побарав да присуствувам на Советот на родителите, откако претходно присуствува на средбата со вработените. Таа беше коректна, тие сослушаа што имаше да кажам, што ги интересираше.  Од страна на директорката ми беше кажано дека треба писмено да побарам  за да присуствувам на Советот на родители а тие писмено ќе ми одговорат .При средбата на двете директорки тука во кабинетот, разговорот не беше пријатен заради необичниот однос на директорката на ООУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, која се служеше со непримерни квалификации за ООУ Благој Кирков  И за крај за спојувањето имаме писмено одобрување од Министерот за образование  - рече Коцевски.  

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати