Зголемени затворските казни на вкупно 50 години затвор за групата велешани кои сексуално експлоатирале 15 годишно дете

Петар Печков

На обвинетите 12 лица од нив десетмина велешани, Апелациониот суд Скопје им ги зголеми затворски казни, изречени на 21 ноември 2024 година во Кривичен суд Скопје.  Тие се осудени за  неколку кривични дела, поврзани со сексуалната експлоатација на дете од 15 години и  добија затворски казни од вкупно 50 години, претходно 31 година.

Апелација Скопје деновиве ја објави пресудата по седница одржана на 13 ноември лани а по советување донесена на 25 декември. Тие ја прифатија жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а ги отфрлија жалбите на обвинетите.

Дванаесетте осудени лица се гонеа за кривичните дела „Трговија со дете“ за првите пет обвинети, „Полов напад и силување“, за следните шест обвинети и за последниот  „Прикажување на порнографски материјал на дете“. Пресудата е правосилна а имаа можност за вонреден правен лек. 

1. Првообвинетиот Стефан Димовски(29 год) доби казна затвор од 8 години и шест месеци, а првостепно доби пет години и шест месеци.
2. Дејан Спасиќ  (35 год) од Тетово судот го осуди на шест години и шест месеци/ четири години и шест месеци.
3. Димитар Наков (29 год) судот го осудува на осум години и шест месеци/ четири години и шест месеци.
4. Тино Илиевски (26 год) доби казна затвор од седум години и шест месеци/  четири години
5. Савен Неделковски (26 год) доби шест години затвор/ четири години.
6. Александар Филиповски (26 год)доби три години затвор/ 1 година и шест месеци.
7. Бојан Филиповски (29 год) судот го осуди на три години затвор/ 1 година и шест месеци.
8. Антонио Зографски (29 год) судот го осуди на три години затвор/ 1 година и шест месеци
9. Трајче Лазов  (30 год) судот го осуди на три години затвор/ 1 година и шест месеци.
10. Ристо Вељанов (22 год) Скопје, судот го осуди на три години затвор/ 1 година и шест месеци.
11. Кристијан Тончев судот го осуди на три години затвор/ 1 година и шест месеци.
12. Борче Коцев 34 години, судот го осудува на една година затвор

Претходно едно момче го призна делото и тој по признание на вина доби условна затворска казна. 

При изрекувањето на првостепената пресуда во Кривичен суд Скопје, судијката Даниела Димовска порача:

„Чинија полна со неограничени количини на кокаин стоела на маса пред младите. Треба да се запрашаме дали тие имаат контрола, дали знаеме каде се движат малолетните, дали кокаинот е единственото нешто што ги прави среќни, дали родителите знаат што се случува со нивните деца и дали тие можат да создаваат здрави врски кои ќе градат здрави фамилии? Ова се прашања за цело општество“, рече тогаш судијката Димовска.  

Кривичен суд по изрекувањето на првостепената пресуда  за првите петмина обвинети,  одреди домашен притвор. На 13 март годинава, кога во круговите на обвинетите  низ Велес се рашири веста дека им се зголемени затворските казни, од вечерта му се губи трагот на прво обвинетиот Стефан Димовски.Тој има положено гаранција пред Кривичен суд од 70 илјади евра за обезебдување на негово присуство а му е одземена и патната исправа. 

На прашањето поставено на 18 март до Кривичен суд Скопја, дали е точно дека лицето е во бегство, одговорот пристигна вчера, понеделник.

„По информација на СВР Велес првобвинетиот Димовски не е достапен. По ова изречена му е мерка затворски притвор  и за него е распишана централна потерница. И четвртообвинетиот не бил пронајден дома, потоа епронајден па и нему му е изречена мерка затворски притвор“ – соопштија од Кривичен суд Скопје.  

Случајот бил случајно откриен, кога во мобилен на тетовец, кој се истражувал за производоство и дистрибуција на дрога, била пронајдена експлицитна секс снимка со детето. Кога во јануари 2023 година беше објавена информацијата за апсењето на групата, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги објави деталите за како функционирале и како сексуално го експлоатирале девојчето.

„Првоосомничениот велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите да вршат полови дејствија со жртвата, по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со 15 годишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед. На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале обвинетите, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“ - соопштија од обвинителството за гонење организиран криминал.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати