Игри без граници 1980, Антиб, кога учесник беше Титов Велес (фото)

Петар Печков

ТрМр со помош на Душан Анѓушев, ве навраќа на крајот од 70 и почетокот на 80 години, кога на телевизија имаше големо Евровизиско летно шоу, насловено „Игри без граници“.

Учествуваа 10-тина држави, меѓу нив и Југославија. Во 1980 година, во првото тогашно издание, учесник беше градот Титов Велес, заедно со уште седум други гредови. Натпреварите се одржаа на 21 мај во францускиот град Антиб на Медитеранот.

Екипата составена од тогаш врвни велешки спортстии учествуаше во ова шоу, кое имаше голема гледаност во Европа и беше многу популарно. Натпреварите беа во вода, и секогаш различни, не стандарди.

Низ овие фотографии се потсетуваме на учеството на велешани. Благодарност за отстапените слики на Дуле. Меѓу учесниците од Велес ќе ги препознаете Трајче Ковачев, Душан Анѓушев, Костадин Митев, Марјан Јордановски, Љупчо Гинов, Перо Јурукот,  Ангел Жабев, Зоран Ивковиќ, Стеве Николиќ,  Билјана Караѓозова, Мирјана Андреева,  Сузана Лапевска, Катерина Гашева,  Виолета Кацарска. Ги има и Димче Марката, Тихо Најдов, Стево Ќулум.. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати