Изложба на Тони Попов и Никола Пјанманов „Преиспитувања“, поставена во Велес, дел од содржините на џез фестивалот

Петар Печков

Во фоајето на велешки театар отворена е изложба на ликовните уметници Тони Попов и Никола Пјанманов, насловена „Преиспитувања“. Изложени се триесетина дела, работени акварел на медијапан, повеќето се на Пијанманов а седум се на Попов.

„И двајцата автори во нивното ликовно творештво, сликарството, се занимаваат со универзалните човечки ускуства. Пјанманов на овие слики настапува како набљудувач и ги пресликува човечкиите чувства на тага, болка, радост, создадени во чекална, искуства кои сите ние сме ги доживеале во животот. Сликите на Тони Попов се автопортрети, кои ги отсликуваат психолошките состојби  во моментот кога се креирани“. – кажа Јасмина Котеска куратор на изложбата. 

Изложбата премиерно беше поставена летово во Демир Хисар.

Изложбата во Велес е дел од содржините на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика и ќе биде поставена до недела вечер.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати