Изложба на улична уметност (фото)

Петар Печков

Изложба на фотографии од стенсили  претставија  младите креативни средношколци од Велес. Тие  се плод на нивните примени знаења за време на двомесечната обука за  „Улична уметност“. 

Изложбата беше на отворено,во кафе бар ,,Сити,, и  на главната градска улица, на која беа презентирани нивните дела.

Организаторот задоволен  од покажаниот интерес од младите, активно да се вклучат во работилницата за практикување на стенсилите, како една од алатките за креативно изразување.

Главната цел е преку ваков тип на настани да се допре до младите и да се поттикнат слободно да се изразуваат и да креираат, а за тоа им е неопходен соодветен простор во градот. Исто така целта е да ги информираат граѓаните дека уличната уметност не треба да се третира како вандализам, туку како креативно уметничко изразување – велат од Медиа арт клубот. 

Тој  е место за младите кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Членовите добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност. Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга.

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати