Како се градеше салата 25 мај (фото)

Петар Печков

Таа е дело на велешкиот архитект Андреја Нешов. Градена е во периодот 1977-1982, со средства од самопридонес на граѓаните и тогаш моќното велешко стопанство.  Има капацитет од  околу 3.800 седишта, 2.900 на трибините и 900 со тие за спуштање на теренот, зад головите.

Пуштена во употреба е на 19 јуни 1982 година, кога се одржа турнир во одбојка, на кој учествуваа  екипите на ОК Вардар, ОК Работнички, ОК Југохром и домаќинот ОК Борец, кој тогаш заедно со скопските екипи беше член на Првата југословенска одбојкарска лига.  Турнирот се играше два дена освен на 19 и на 20 јуни, кога на програмата беа финалните средби за прво и трето место.

Салата има само три фалинки, димензиите за ракомет се помали од  стандардите, не може  да се довезе техника и опрема во салата  со превозно средство, туку само на раце и третата е греењето кое во последен момент од мазут е променето на ќумур, па никогаш ниту еден ден не беше  затоплена.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати