Коштаните во велешко бргу се обраа и продадоа

Петар Печков

Костените во велешко есенва имаа слаб род, така што бербата за кратко време  заврши.  Ова сезонско овошје успева во селата Горно Врановци  и Долно Јаболчиште. Ама уште на почетокот од сезоната, костенот стана дефицитарен на пазарот. На градскиот пазар го има во мали количества и тој се продава за 140 -150 денари од килограм. Собирачите годинава немаа многу работа, ниту пак ќе има дополнителен прилив во скромниот домашен семеен буџет. 

Од овој крај се откупуваше од 50 до  70 тони коштани во сезона. Есенва се собраа не повеќе од 10 тони. Лошо беше времето,  суша со месеци без дожд- влага, така што коштанот го снема бргу. Се откупуваше на големо по 70 денари за килограм  и се топтан  се продаде – вели жител од селото Горно Врановци.  

Костенот кој го има во изобилие во природата на  овој дел од централна Македонија, населението го собира по шумите и претставува дополнителен приход, бидејќи повеќето се невработени.  Питомиот костен во Македонија  го има  и  во   дебарско -струшкиот регион, битолско -прилепски регион, скопско  и струмичко.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

  • да
  • како каде
  • не
Резултати