Лани, 2019-та ТрМр со рекордна читаност со 1,64 милиони читања

Петар Печков

Тирековмирече -  вашиот велешки портал од кој се информирате, изминатата 2019-та бележеше рекордна посетеност и пишуваше за настани кои беа дел од живеењето во градот. Ве информираше се дневни секојдневни настани, за теми од живеењето, убави и тажни животни приказни на наши сограѓани.  Бројките покажуваат дека ТрМр се чита и тоа лани има 1,64 милиони читања, страницата е отворена   988 илјади пати од  226.211 читатели, кои престојувале на страницата 1 минута и 27 секунди. На крајот од ланската година ТрМр стигна до 21 илјада ФБ лица на кои страницата им се допаѓа.  Сите овие бројки се поголеми отколку тие од 2018-та година.  Еве ги десетте најчитани текста, ако се изземат железничкиот и автобускиот возен ред, кои се убедливо најпосетувани а очигледно потребни како сервисна информација за велешани. Патем минатата година на порталот се објавени 929, исклучиво авторски текстови 

1. Велешанец починал во лекарска чекалница 8.287

2. Како се градеше езеро Младост  8.219

3. Полициска станица Велес со нов командир, Трајче Алтанов  6.874

4.Владата подготвува новина, нема да се продолжува работниот стаж по исполнети години старост 6.680

5 Ученик скокнал од прозор и тешко се повредил 6.663

6. Младите Германци Флориан и Карина, една година жители на Велес (фото) 6.220

7. Бран на нови именувања на директорски позиции во Велес  5.942 

8. Во Велес отворен првиот регионален Центар за стимулација раст и развој Старс (фото)  5.846

9. Почина д-р Милчо Трајков 5.844

10. Десет години затвор за сообраќајката кај крстосницата за Мамутчево, во која три лица загинаа 5.576 

Ланската, не така далечна 2019-та имаше голема посетеност и на видео приказните прикачени на ФБ. Еве ги десетте најгледани:

1. пожар во потокот 72 илјади прегледи

2. пожар на езеро младост 68 илјади прегледи

3. се гасне пожарот на езеро Младост 68 илјади прегледи  

4. што ако возот тргне 30 илјади прегледи

5. отворање на 15-тиот маркет на Жито  - 27 илјади прегледи

6.езеро Младост, утрото, ден по пожарот 24 илјади прегледи

7. езеро младост снимено од авион на 23 февруари  -23 илјади прегледи

8.песна за Мирка Гинева -22 илјади прегледи

9. како се спасуваше отпад дине -22 илјади прегледи

10. како се гасен пожарот на езеро младост -17 илјади прегледи 

ТрМр Ви благодари за довербата која ја имате

ТрМр им благодари на сите што решија да се рекламираат на најчитаната страница 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати