Маж на мотор, во сообраќајка тешко повреден на крстосницата кај СИЗ-от

Петар Печков

Вчера попладне кај  крстосницата кај СИЗ-от, се случила сообраќајка, во која маж на 80 годишна возраст е тешко повреден, откако моторот кој го управувал бил удрен од автмобил.

„На 21 јули  околу 17.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Борис Трајковски“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.А.(60 год) од Велес и мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од К.А.(80 год) од Велес“ – соопштија од СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес. 

„Примен е пациент кај кога по извршени снимања, консатирани се повреди на глава, скршеница на клучна коска, на рбет. Задржан е на лекување во болница “- соопшти д-р Ванчо Граматов,  портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати