Македонските пензионерки по 29 пат се дружеа на манифестацијата „Благцата на баба“ (фото и видео)

Петар Печков

По 29-ти пат македонските пензионерки се дружеа во Велес, на републичката манифестацијата „Благцата на баба“.  Околу 400 жени од 30 града, минаа  повеќе часови во забава и игра. 

Манифестацијата е  традиционална, целта е со дружење членките да се потсетат на  старите блага, кои ги подготвувале  нивните  мајки, баби а истите да ги остават во аманет на помладите. Домаќините се погрижија за се да мине најдобро и  во одлична организација. Штом манифестацијата  издржа 29 години, сигурно е дека има иднина. Таа има и хуманитарен карактер. 

„Целта е да се потсетиме на благата кои ги подготвувале нашите баби и прабаби и да ја зачуваме традицијата. Дел од благата ќе се доделат на стари и изнемоштени лица. Ќе ги посетиме и ќе им ги врачиме овие домашни изработки“ – кажа Благојка Настова, претседател на активнот на жени пензионерки од Велес.

Гостите кои дојдоа се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери.

Немаше гостинка која не мина покрај свечената маса а не застана покрај изложените специјалитети, да праша од каде се, како се подготвуваат, но и со желба да се вкуси.

Средбата заврши после многу часови ора и песни, со желба да се сретнат до година во ист состав и со нови старински блага.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати