Македонски железници променија 1.300 изгорени железнички прагови и поправи патнички воз

Петар Печков

Македонски железници ЈП инфраструктура изминатите месеци изврши целосна замена на изгорените прагови на пругите кон Битола и Кочани. Тие беа опожарени есента лани, кога при палење на стрништа беа зафатени и делови од пругите во Прилепско кај станицата Гостиражни, во Кочанско и кај Лозово. Заменети се вкупно 1.283 дрвени прагови, што од МЖ го објаснуваат како тековно одржување.

„На пругата Велес-Битола-Жабени се заменети 1.157, а на пругата Велес-Кочани се заменети 126 парчиња“, кажаа од МЖ Инфраструктура.

Замената ја извршиле вработените од Секторот за одржување на пруги.

Претходно, АД МЖ Транспорт објави дека во изминатите месеци се репарирани дизел локомотива и кинескиот електричен патнички воз, кој треба да сообраќа за Гевгелија со новиот возен ред.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати