Петар Печков
Објавено: вторник, 18 ноември 2025
Германската фабрика за автомобилски делови, Маркардт Македонија, донираше компјутери и компјутерска опрема за Велешка болница. Неа ја врачија Мариус Митеа заменик генерален менаџер, и Елена Талеска Џалева, асистент на генералниот менаџер.
Од ЈЗУ Општа болница Велес со благодарност за донацијата.
„Подарокот – комјутери и опрема– ќе внесе големо олеснување и значително подобрување во нашата секојдневна работа. Навистина ни значи кога некој ќе ја препознае нашата посветеност и ќе одлучи да помогне. Од срце благодариме за нивната љубезност, поддршка и доверба“ – порачаа од велешката болница.
Донацијата ја прими директорот Александар Бузалков.
Маркардт Македонија работи во велешко Караслари.
фото: ЈЗУ Општа болница Велес
