Машиновозачите штрајкуваат, возовите стојат, патниците затечени

Петар Печков

Од утрово железничкиот сообраќај е во прекин, откако машиновозачите започнаа да штрајкуваат.  Тие бараат зголемување на надоместокот на плата за квалитет, поради зголемен обем на работа и недоволен број на персонал.

Поради тоа уште првиот патнички воз кој во 9 ч. од Скопје поаѓа за Велес, не сообраќал, ниту тој во 12,10 од Велес за Скопје и сите следни. Патниците се разочарани оти без најава е сопрен железничкиот сообраќај.   Велешани се најмногу погодени, оти тие и најчесто и најмногу го користат возот како превозно средство. 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа и истакнува дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, како што вели, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.

Сакам да испратам сериозен апел. Треба да продолжат со работа, сите треба да се покажеме државно општествено одговорни затоа што секој застој таму на сите  бројни проблеми што ги има 30 години во делот на долговите коишто ги имаат, да не се прават нови, бидејќи тоа е интерес и за државата и за нив, изјави Сугарески, коментирајќи го бојкотот на работата што од изутрина го почнаа машиновозачите, барајќи зголемување на надомест на плати.

Душко Чакаровски, претставник на вработените, објаснува  дека има долгови во претпријатието, но потенцира оти за тоа не се виновни вработените, туку начинот на менаџирање од страна на сите Влади досега.

Како што информира Чакаровски, барањето за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместок на плата за квалитет, им е врз основа на Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. Надомест од 40 проценти им бил исплаќан до пред антикризните мерки во 2008 година.

Зад организацијата на бојкотот на работата, тврди Чакаровски, не стои ниту една синдикална организација, односно во него се вклучиле 99 проценти од машинскиот персонал од различни синдикати, но и работници кои не членуваат во синдикатите

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати