Мајки на деца до тригодишна возраст од Велес, работат ноќна смена со писмена согласност дадена под принуда, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права

Петар Печков

Неколку работнички од Велес, кои имаат деца до едногодишна возраст, се обратиле до Хелсиншкиот комитет бидејќи  работеле  прекувремено и ноќе, а дел од нив, кои имале деца до тригодишна возраст, работеле  ноќе со писмена согласност дадена под принуда.

Работничките, кои се мајки на деца со возраст до три години, се во работен однос кај работодавачот со склучени договори за вработување на определено време. Тие од страна на работодавачот биле уценувани дека доколку не потпишат писмена согласност со која се согласуваат да работат прекувремена и ноќна работа, нивните договори нема да бидат продолжени. Под страв дека ќе останат без средства за егзистенција во период на пандемија, работничките ги потпишале согласностите. Работодавачот знаел дека тие стравуваат да не го изгубат своето работно место и знаел дека со нивните потписи тешко би се докажало пред трудовиот инспекторат и обвинителството дека тие не се согласни да работат ноќна и прекувремена работа поради што ја злоупотребил нивната положба во своја корист, а на нивна огромна штета. Тој не само што ги принудил да работат ваков начин на работа, тој не им ја исплатил ниту прекувремената работа за што се утврдени неправилности од страна на Државниот инспекторат за труд, по пријава од Хелсиншкиот комитет - пишува во писменото соопштение објавено од страна на Хелсиншки комитет за човекови прва.

Од оваа  институција, појаснуваат дека Законот за работните односи предвидува посебна заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и прекувремената работа. За време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе (член 164, став 1). На работничката која има дете од една до три години возраст, може да ѝ се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност (164, став 2). Писмената согласност од страна на работничките мора да биде дадена слободно и своеволно без принуда и закана.

Во писменото соопштение на Хелсиншки комитет не е именуван работодавецот, ниту фирмата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати