Меѓусемејна расправија на свекрва, снаа и сваќа, син дома искршил покуќнина па ја запалил во дворот, меѓуселска тепачка во Горно Јаболчиште

Петар Печков

На 15 август  во 14:00 часот во СВР Велес, 64-годишната П.Е. од Велес, пријави дека на 25.07.2026 на социјална мрежа добила порака со заканувачка содржина од нејзината поранешна снаа З.Д., која се заканувала  и на 13.08.2026 на градскиот пазар во Велес. Според пријавеното, на 15.08.2026 на улица „Ангел Мишев“ во Велес, П.Е. била физички нападната од 46- годишната Ј.Д., која била мајка на нејзината поранешна снаа. 

На 15 август  во 16:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.Н.(36 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом направил неред, агресивно се однесувал со своите родители и во дворот изнел дел од инвентарот и го запалил. Пожарот го изгаснал неговиот татко, а повредени лица нема. 

На 16 август во 23:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Долно Јаболчиште, општина Чашка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(26 год) од село Горно Јаболчиште, од една страна и Е.Ш.(25 год), А.М.(18 год) и Ј.Ш.(26 год), сите од Долно Јаболчиште, од друга страна. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати