Младински парк бесплатна интернет зона, со средства на ЕУ

Петар Печков

Заврши проектот WiFi4WB дел од „EU4Digital“  со кој 64 општини во Македонија добија бесплатна интернет зона, објави делегацијата на ЕУ во Македонија. Тоа е регионална програма која  ја поддржува дигиталната трансформација и поврзаноста низ Западен Балкан.

Иницијативата е кофинансирана од Европската Унија и Владата на Германија, а ја спроведува „Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit“ (GIZ), во соработка со националните институции, општините и „Македонски Телеком“.

„Поставувањето на мрежата во Северна Македонија претставува значаен чекор кон општество кое е подобро поврзано и дигитално инклузивно. проектот WiFi4WB. се спроведе во 64 општини низ земјата и овозможи пристапни точки (хот спот) за бесплатен безжичен интернет на јавни површини определени од општините учеснички, вклучувајќи плоштади, паркови, културни центри, библиотеки и други локации што ги користат локалните заедници. Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните безжични интернет конекции во рамките на WiFi4WB низ Северна Македонија, откако беа воспоставени на почетокот на годинава“ – соопштија од делегацијата на ЕУ во Скопје

Проектот е реализран во  оние општини кои аплицирале на истиот.Според податоците на GIZ во Велес бесплатна интернет точка  има во Младински парк.  Во Градско на плоштадот со фонтаната во Лозово во новиот јавен парк. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати