Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2026
Локалниот младински совет (ЛМС) на Општина Велес, одржа работен состанок помеѓу членовите и претставниците на локалната власт, вклучувајќи го и градоначалникот Марко Колев.
Целта беше да бидат претставени 12 иницијативи кои биле подготвени како дел од активностите на ЛМС Велес изминатите 12 месеци и истите ќе бидат поднесени до Советот на Општина Велес, односно градоначалникот на Општина Велес.
1.поставување на вединг машини за селектирање на пластична амбалажа и лименки
2.поставување на автоматски диспанзери за хигиенски средства во средните и основни училишта
3. отворање на канцеларија на млади
4. поставување на вештачка карпа за искачување
5. ревитализација на Градскиот парк
6. обнова и поставување на нови клупи по јавните површини
7. изградба на парк за миленици
8.доделување на субвенции за млади лица за полагање на возачки испит Б категорија, теоретски и практичен
9. изградба на скејт парк
10. изградба на фитнес зона на отворено
11. изработка на „младинска картичка“
Членовите на ЛМС Велес детално ги објасниле и претставиле иницијативите пред присутните, а имало и дискусија, со можност за поставување на прашања во врска со нивната реализација.
фото Општина Велес
