Модернизација на хидролошката станица Велес, на река Вардар

Петар Печков

Со цел подобрување на хидролошкиот мониторинг во државата, УХМР во соработка со Геолукс од Хрватска, набави најсофистицирана опрема за вршење на хидрометриски мерења, при што како краен продукт се добиваат вредности за водостојот на реката Вардар и неговиот протек. Станицата е инсталирана на 8 јули оваа година на Хидролошката Станица Велес на река Вардар, лоцирана на Стар Мост во Велес. 

„Во изминатиот  период се вршеа тестови и проверки пред официјалниот почеток на работа. Во интерес јавноста да се запознае со овој нов инструмент, на веб страната на УХМР ќе бидат објавувани податоци кои  најавуваме дека се во фаза на тестирање и дека треба да се земат со одредена резерва. Податоците од оваа станица ќе се користат за рано предупредување во случај на појава на поплави и за следење на поплавни бранови“ – соопштија од УХМР. 

Пред инсталирање на опремата, УХМР организираше хидрометриски мерења со ADCP инструмент за дефинирање на протекот на водата, при што беа добиени основни податоци и карактеристики за сетирање на инструментот во фабриката во Хрватска, а потоа и за финални подесувања како во канцеларија така и на терен.

„По извршените подесувања, инструментот е испратен во Македонија, направени се финални подготовки, и по пристигнувањето на екипата од Геолукс, се пристапи кон инсталирање на опремата на мостот и пуштање во работа. Инструментот е снабден со два радари и тоа за ниво на вода и за детекција на брзината на движење на водата. Дополнително има и камера за визуелно набљудување на водомерната летва и ситуацијата со реката. Во наредниот период ќе бидат извршени финалните подесувања, така да во иднина се очекува податоците од станицата да бидат преку веб страна на УХМР достапни до јавноста и менаџментот за кризи за навремено справување со опасните поплави“ – информираа од УХМР. 

фото:УХМР

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати