Петар Печков
Објавено: вторник, 30 декември 2025
Учениците од „Димитрие Чуповски“ покажаа дека отпадот може да биде корисен и употребен. Откако изминатиот период го собираа, истиот го искористија како почеток на нови креативни приказни. Отпадниот материјал го претворија во уметност и мода со порака.
„Овие модели покажаа дека стилот не мора да ја загадува Планетата, туку да биде чекор кон почиста и поодржлива иднина“ – порачаа учениците.
Победници на овогодинешната Зелена мода се:
1 место – моделот Victoria’s secret angel дело на Лора Јовановска, Мартина Коцевска, Анастасија Гиловска и Марија Јорданова, под менторство на Билјана Г. Николова.
2 место – моделот Midnight Shimmer изработен од Андреа Трајкоска, Петар Ристов и Михаил Петрески, под менторство на Менка Николова
3 место – моделот Замрзната кралица на Марија Нацева, Сара Николова, Софија Ѓорѓиевска, Радмила Пешовска, Јована Темелкова, ментор беше Емилија Дикова
На модната ревија учетвуаа и моделот - The Poker Queen на Хаја Рахмани, Викторија Драскачева, Росана Маневска, ментор Менка Николова; Модел – Ѕвончица на Симона Атанасовска, Меланија Страхилова и Ангела Андреевска, ментор Драгана Јованова; модел – Мајка природа дело на Лили Митева, Ели Андреевска и Леонтина Станкова, ментор Драгана Јованова и модел – Reshine создадено од Аида Кадриова, Емануела Адемова, Далија Бајровиќ, ментор: Сандра Стојчиќ.
