Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јануари 2025
По состанок со директорот на ЈП државни патишта и деканот на Градежен факултет Скопје, градоначалникот на Велес Марко Колев со најава за можно пуштање на мостот на Башино село, кој од 3 јануари е затворен за сообраќај. За да се случи тоа, овие неколку днеа ќе се врат повеќе проверки и конторли нма мостот, од страна на стручни лица. Целта е Велес и граѓаните да се ослободат од сообраќајниот метеж кој се создаде со времениот сообраќаен режим. Краткорочното решение, санацијата на мостот кај Башино село, треба да го продолжи неговиот век на користење за 5-10 години.
„Санацијата чини 320 илјади евра, ќе се третира долниот дел, најверојатно горниот дел нема да се работи, да не се размрда мостот, од гребење на асфалтот и ставање на нов. Ќе се поставува некој нов материјал на столбовите за да се зацврстат, најсовремено решение, третирање на мостот од внатре. Ќе се монтира најсовремена опрема под самиот мост, која ќе врши мониторниг 24 часа, секое движење да се евидентира. Ќе се постават семафори од двете страни на мостот, и ќе има движење по средината на мостот, оти тие столбови според анализите не се отшетени, тие лево и десно се оштетени. Ќе се обидат додека се работи по ивиците на мостот, лево и десно, да се одвива и сообраќајот во еден правец. Сообраќајот би се одвивал со наизменично пропуштање на возила, со ставање на граничници, и огранучување на брзината од 30 км/ч. Ако мониторингот покаже, тогаш ова може да се реализира, а тоа ќе го покаже испитувањето на столбовите, кое треба да се изврши денес (четврток)“ - кажа градоначалникот Колев пред членовите на Советот.
Тој ги образложи и причините, зошто би дошол до ваков пресврт во времениот сообраќаен режим, кој се менува од неговото донесување
„Целта е малку од малку да се растовари сообраќајот во градот. Опшивката на столбовите, не пречи на одвивање на сообраќајот. Без оглед дали горе ќе има сообраќај по средина, доле под мостот може да се работи. Најлесно е да го затвориме, и чекаме да почне реконструкцијата, но правиме, се за да се реши проблемот со сообраќајот во центарот на градот, да го олесниме животот на велешани. Овие два три дена се клучни, дали ќе има минимален сообраќај по мостот. И ЈПДП и стручњаците од Градежен, знаат што значи подолго затворање на мостот за сообраќај“ - дополни Колев.