Петар Печков
Објавено: петок, 08 август 2025
Сообраќајка на автопатот, во близина на Градско, моторист е тешко повреден по пад од моторот. Инцидентот се случил четвртокот попладне.
„На 7 август околу 15:10 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат ГрадскоПрилеп, Г.Ш.С.(28 год) oд Република Турција, со привремен престој во село Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес.
„Примен е пациент во текот на вчерашниот ден попладне. ѐИзвршени се потребни снимања, констатирани скрешеници на рака и нога, по што поради специфичната повреда е пренесен на Кличнички во Скопје“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница.
На 15 јуни, моторист на 53 годишна возраст од Бугарија падна од моторот на автопатот, пред клучката за Градско, и се здоби со скршеница на нога.