Мустаќ на Велес Дејан Митров, мустаќ во обид за Ѓорѓи Перчинков (фото)

Петар Печков

Со голема заедничка забава на  сите мустаклии од Велес, кои го поддржаа движењето Мовембар  заврши месецот посветен на подигање на свеста и грижата од машките болести. На забавата се избираше нај мустаќ и мустаќ во обид  на Велес.

Титулата за најдобар ја понесе Дејан Митров, кој грижливо изминатиот месец пуштил мустаќи, како  поддршка на светското движење Мовембар. Истовремено беше избран и мустаќ во обид а него  го красело лицето на Ѓорѓи Перчинков. 

Со едно месечната акција здружението Мовембар Велес ја менува сликата и ги отстранува предрасудите за машкото здравје.

Сите 30 дена од изминатиот  месец имаше продажна акција на маички, вечерта на забавата во „Паб“ се собирале и парични средства.  Дел од нив биле донирани на сограѓанин за лекување.  Остатокот ќе се намени за набавка на апарaт потребен на урлошкото одделение од  Општа болница Велес. 

Фото Пепи Кирка

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати