Петар Печков
Објавено: петок, 18 јули 2025
Со проектот „Паметни решенија – Велес продолжуваме“, уредување на централното градско подрачје набавени се и десет електрични велоспиеди. Тие засега не се ставени во функција, да може да ги користат граѓаните.
„Локалната власт нема можост да ги стави во функција, оти нема таква дејност. Се бара решение како да се стават на користење за граѓаните, кој да работи со нив“ - рече Марија Алчева, координатор на проектот.
Електирчните велосипеди се набавени со средства од ЕУ, од проектот „Паметни решенија – Велес продолжуваме“. Вкупната сума, врз основа на доставената понуда на тендерот, и во прифатлива рамка на предходно дефинираниот и одобрен буџет за проектот е вкупно 19.077 евра за 10 смрт велoсипеди, со брави за заклучување и полначи.
Претходно во 2021, исто така со пари до ЕУ локалната власт на Велес, набави 20 електирични велосипеди, кои досега не се користат.