Навивачката група на ФК Борец, Гемиџии со поддршка за Анѓушев и бараат да остане во клубот

Петар Печков

По петочното Изборно Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес, кога незадоволен од поддршката која ОФС ја дава на клубот, замижувањето пред како што нагласи Анѓушев неправдите кон ФК Борец на одредени прволигашки натпреври, и тоа што како прволигаш добиваат само еден делегат за Собранието, најави можно заминување од клубот, со поддршка за претседателот и спонзорот на прволигашот велешки ФК Борец 1919,  Кочо Анѓушев се јави навивачката група Гемиџии. Со нивното соопштение  објавено на ФБ НГ „Гемиџии“ велат дека не можат да премолчат  да  не го поддржат Анѓушев и бараат да остане и натаму во клубот.  

Ние како група застануваме во поддршка на Кочо Анѓушев бидејќи сметаме дека тој е единствената светла точка за фудбалот во градот во последниве неколку години, тој е единствениот човек кој се одважи и застана со сити свои сили и средства да го преземе клубот и да не направи горди на резултатите и настапите во македонското фудбалско првенство, од најнизок ранг па се до елитата постигнувајќи одлични резултати. Самите ние сме сведоци на многуте неспортски и нефудбалски настани кои во изминатиов период му беа нанесувани на ФК БОРЕЦ, сомнителните судски одлуки и случувања беа игнорирани од страна на Фудбалската Федерација на Македонија, не сакаме ни да помислиме дека се работи за тенденција на внатрешни договори и одлуки кои челниците сами си ги кројат зад затворени врати. Фудбалот не е политика, фудбалот не е приватна сопственост на никого, фудбалот е на публиката, фудбалот е на спортските работници - пишува во соопштението.

Затоа  навивачката група Гемиџии апелира до претседателто и спонзорот на клубот,  Анѓушев да ги преиспита неговите  одлуки и да остане во ФК Борец, а тие  како група но и дел од ФК  Борец му стојат на располагање во било кој дел за борбата против мафијата во ФФМ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати