Наградата за животно дело ,,Коле Неделковски,, за Веле Алексовски

Петар Печков

Веле Алексовски  е добитник на наградата за животно дело ,,Коле Неделковски,, . Ова награда се доделува за автори на пишаниот збор од велешко а Алексовски според образложението, има голем творечки опус со кој остава трајна трага во културното живеење на градот.

Наградата ја доделува  Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,, од Велес. На добитникот му беше врачена во  спомен куќата на Неделковски, во неговото родно село  Војница, на денот на одбележувањето на 78-та годишнина од неговата смрт. 

Наградата се состои од спомен плакета и обележје. Веле Алексовски е трет добитник на наградата за животно дело ,,Коле Неделковски,, и тој во нејзина  чест засади садница на украсна туја во дворот на зградата. Наградата претходно ја добија поетесите Павлина Климкар Меанџиева и Македонка Јанчевска.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати